Нарко-дилери користеле лажни полициски легитимации

При претрес во станот на Н.С., пронајден е пиштол со четири куршуми и уште 52 куршуми од различен калибар, па тој е осомничен и за илегално поседување оружје.

Српската полиција во рамките на акцијата „Гнев“ ги уапси М.Б. (32) и Н.С. (45) и заплени 432 грама кокаин, како и масло од канабис и оружје.

Дрога и оружјето биле скриени во шумата кај Врдник, додека лажните полициски лични документи кои ги користеле сега уапсените биле пронајдени во нивните станови.

Покрај дрогата, пронајдени се пари во износ од 131.000 динари и 4.160 евра, за кои истражителите се сомневаат дека се од продажба на дрога.

Полицијата пронајде и дигитална вага, четири мобилни телефони и две лични карти на здружението на полицајци ветерани и полицискиот синдикат. При претрес во станот на Н.С., пронајден е пиштол со четири куршуми и уште 52 куршуми од различен калибар, па тој е осомничен и за илегално поседување оружје.

Двајцата уапсени имале „историја“ со полицијата. Едниот бил пријавен за кражба, а другиот за измама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот