НАРЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА: Посебен сообраќаен режим

Сообраќајци / Фото: Архива

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска и за време на викендот во периодот од 06 до 16 часот на сообраќајниците околу гробиштата во Скопје поради верскиот празник Задушница.

Сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива кружно, односно возилата ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски” кон локалниот пат за селото Мирковци до влезот на гробиштата на улицата„Боца Иванова” и ќе се излегува повторно на улицата „Александар Урдаревски”.

По потреба, пренасочување на сообраќајот ќе има и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска”, а на гробиштата „Камник” по улицата „Јужноморавски бригади” и улицата „Роман Каскалиевиќ”.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициски службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот