Наредните два дена дезинсекција во Јегуновце

pixabay

Општина Јегуновце во наредните две ноќи ќе врши трета по ред дезинсекција против комарци. Тоа ќе се прави вечерва од 21 часот до раните утрински часови како и во истиот временски период утре.

– На 5 и 6 август годинава почнувајќи од 21 часот па се до раните утрински часови ќе биде извршена трета дезинсекција против комарци. Дезинсекцијата ќе се изврши со УЛВ генератор за ладно замаглување поставено на возило со приколка и предходница од друго возило со ротација. Со оваа дезинсекција против комарци ќе бидат опфатени зелени површини, населените места како и депониите на територија на општина Јегуновце, соопштија денес од локалната самоуправа.

Во случај на неповолни временски прилики дезинсекцијата ќе биде одложена, а граѓаните дополнително ќе бидат информирани кога ќе се направи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот