НАРАЧКА ОД РУСИЈА: Моќните хеликоптери Ми-35 пристигнаа во Србија (ВИДЕО)

Фото: Министерство за одбрана на Србија

Четири хеликоптери од типот Ми-35, кои Србија ги купи од Русија, испорачани се на воениот аеродром „Миленко Павловиќ“ во Батајница, пренесуваат српските медиуми.

Со оваа реализација на претходно постигнатиот договор, Војската на Србија во време на зачестени набавки на ново вооружување, првпат доби тоа што на овие простори никогаш го немаше – оклопни хеликоптери за поддршка на земјените сили.

Овие хеликоптери ќе бидат распоредени во 714-тата противоклопна хеликоптерска ескадрила на цивилно-воениот аеродром „Морава“ во близина на градот Кралево. Во склоп со можностите на државата, во план е да се формира ескадрила на овие хеликоптери.

Хеликоптерот Ми-35 важи за еден од најдобрите офанзивни хеликоптери. Во основната везрија, Ми-24 е употребуван во времето на Советскиот сојуз во војната во Авганистан, оружаните судири на постсоветските простори и на подрачјето на поранешна Југославија. Воздушните сили на Руската Федерација го користат и во Сирија.

Според пишувањата на српска „Политика“, овие летала имаат силен оклоп и голема моќ. Во различните варијанти, тие со опремени со топ и широка лепеза на ракетно вооружување.

Освен тоа, тие можат да пренесуваат осум војници. Неговата максимална брзина е завидна за хеликоптерите, се движат до 310 километри на час, а современата верзија од нив, која ги купи српската армија, опремени се и со современа електроника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот