Нарачале две порции шпагети и риба, ќе ПАДНЕЛЕ ВО НЕСВЕСТ кога ја виделе сметката (ФОТО)

Фото: Trip Advisor

Двајца јапонски туристи останале шокирано откако во еден ресторан во Рим за две порции шпагети и риба платиле 430 евра.

Фотографијата од сметката ја објавиле на Trip Advisor, а на неа се гледа како оброкот за две лица во ресторанот „Antico Caffè di Marte“ чинел околу 430 евра.

Фото: Trip Advisor

Парот нарачал две порции риба со шпагети, а покрај тоа пиеле вода. Сепак, на сметката се наведени и додатни 80 евра како трошок за услуга, пишува Дејли меил.

Напишале дека на менито стоела цена од 6.5 евра за 100 грама мешана риба, а сметката на крајот изнесувала многу повеќе. Откако се пожалиле за скапата цена, речено им било дека на чинијата имало 4,8 килограми риба, но туристите се сигурни дека немало повеќе од два килограми.

„Ве молиме, бидете претпазливи и немојте да станете нивни жртви како нас“, напишале тие на Trip Advisor и додале дека во таков случај е најдобро да повикаат полиција, што им кажале и самите полицајци кога подоцна отишле да ја пријават оваа ситуација.

Фото: Trip Advisor

„Antico Caffe di Marte“ има повеќе од 200 коментари на Trip Advisor, а на таа страна има просечна оцена од две ѕвезди, од вкупно пет.

И останатите туристи на таа страница оставиле коментари дека се разочарани, пишувајќи дека ресторанот е преценет и дека ги измамуваат туристите.

Фото: Trip Advisor
Фото: Trip Advisor
Фото: Trip Advisor

Еден од туристите напишал дека во август за чинија со риба од 4,8 килограми во тој ресторан му било наплатено 476 евра.

Сепак, од ресторанот „Antico Caffe di Marte“ за италијанските медиуми рекле дека менито е сосема јасно, а причината заради која на јапонскиот пар му било наплатено толку е бидејќи тие нарачале свежа риба.

„Рибата ја избраа самите на пултот“, кажале од ресторанот.

Покрај лошите коментари, многу луѓе на Trip Advisor го искажале и своето задоволство од искуството во овој ресторан во Рим. Еден турист го пофалил тамошниот бифтек и пивото.

„Откако сум тука, прочитав некои лоши коментари за овој ресторан, но со обѕир на моето искуство, тие коментари не ми се чинат оправдани“, напишал тој турист.

Ова не е единствен случај во кој туристите се жалат на ненормално високите цени во ресторани на туристичките места. Во мај на туристи во кафуле во близина на Ватикан за хамбургери и капучино им било наплатено 81 евро. Во јануари на еден турист во Фиренца за сладолед му било наплатено 22 евра, а откако за тој случај била повикана полиција, слаткарницата заради измама морала да плати казна од 2.000 евра. На туристот од Тајван му било рекло дека сладоледот чинел многу заради тоа што корнетите во кои се служи биле навистина вкусни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот