„Напредни лозари”: Бараме најмалку 20 денари за килограм грозје

Лозарство РСМ/ Фото Архива на Слободен печат

Бараме најмалку 20 денари за килограм грозје од годинешната реколта и нема да дозволиме никој со објавување на првични суми да ја урива откупната цена уште во месец мај, реагираат вечерва од регионалното здружение „Напредни лозари”.

– Со години наназад е обезвреднет трудот на лозарите. Некои од винарските визби со години манипулираат со нашата мака. Редно е да им се стави крај на ваквите поигрувања со производителите на грозје. Пораснаа цените на сите производи, на препаратите со кои ги третираме лозовите насади. Затоа очекуваме помош и поддршка од надлежните државни органи. Со нивно медијаторство, ние претставниците на лозарите заедно со претставници на винариите, да одредиме цена со којашто нема да бидеме во загуба, ако веќе не можеме да заработиме од лозаропроизводството, дециден беше Трајче Кулев, претседател на Здружението.

Тој нагласи дека во најскоро време очекува да дојде до таква средба и сериозно да се разговара на оваа тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот