НАПРЕД „РИСОВИ“: Фудбалерите нека го следат примерот на одбојкарите!

ffm.mk

По триумфот над Летонија и освоениот бод на гостински терен против Израел, македонската репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со еден од главните конкуренти за висок пласман во нашата група.

Се повикуваат сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020.

facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација, од понеделник, 23. септември, ќе можат да купат билет за натпреварот против Словенија преку продажната мрежа на MKTickets. Влезници ќе можат да се купат на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“.

Дополнително ФФМ ќе информира за почетокот на продажбата на билети на пултот на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“.

Цената на влезниците изнесува од 50 до 200 денари. Билет од 50 денари ќе се продава за западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат влезниците на јужна и северна трибина од Националната арена „Тодор Проески“.

Изминатиот период нашите најдобри одбојкари приредија огромно изненадување на Европското првенство, совладувајќи го големиот фаворит Словенија со 3:1 среде Љубљана, па зошто да не направат нешто слично и фудбалерите на Ангеловски и со три бода се најдат во сериозна трка за континенталниот собир наредната 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот