НАПРАВЕТЕ САМИ: Домашно антицелулитно масло (РЕЦЕПТ)

антицелулитно масло

Ако сте поборник на природната козметика, тогаш овој рецепт за антицелулитно масло е одличен за вас, а во исто време е и поевтин и поефикасен од козметиката за оваа намена.

За да можете ефикасно да се изборите против целулитот, потребно е да имате избалансирана исхрана, да консумирате доволно течности, да се движите, но и да внимавате на својата емотивна и ментална состојба.

Овој рецепт ќе ви помогне да го стимулирате лимфниот систем и да ја подобрите циркулацијата.

Најпрво изберете основно масло: масло од лешник, масло од роза, масло од семка од грозје или масло од јојоба. Потребни ви се 6 милилитри. Во него додадете 4 милилитри масло од авокадо.

Откако ќе ги измешате, капнете три капки етерично масло од рузмарин (може и од смрека) и уште две капки од етерично масло од лимонска трева.

Нанесувајте на чиста кожа од ова антицелулитно масло, трипати неделно, по капење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот