Направи КАТАСТРОФАЛНА грешка, па се извинуваше: Новозеландската премиерка НАВРЕДИ цела нација

Џасинда Ардерн / Фото: EPA-EFE/SNPA / POOL NEW ZEALAND OUT

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, со катастрофален кикс ја започна првата нејзина официјална посета на Јапонија како лидер. За нејзина несреќа, таа се збуни и кажа дека пристигнала во Кина наместо Јапонија кога пристигна во земјата, објавија светските медиуми.

– Ова е неверојатно возбудливно време за Нов Зеланд и нејзините односи со Кина, извинете, извинете, со Јапонија – изјави таа на краткиот брифинг откако пристигна во земјата на изгрејсонцето.

Ардерн кажа дека причина за нејзиниот гаф е уморот, а изјавата ја даваше веднаш откако слета во земјата.

– Би сфатиле доколку би летале со авион долг период и веднаш би давале изјава – рече таа.

Јапонија е три часовни зони зад Нов Зеланд и летот од Оукланд до Токио трае околу 11 часа.

Грешката доаѓа во незгоден период за Ардерн – не само поради тоа што таа првпат е во официјална посета на земјата како премиерка, туку и поради наводно нарушените односи меѓу Нов Зеланд и Јапонија кои беа посочени во извештајот на една организација.

Односите меѓу двете земји се послаби во последните неколку декади, во момент кога економијата на Јапонија стагнира и Нов Зеланд се врти кон кинескиот пазар, стои во извештајот. Моментално, Кина е најголем трговски партнер на земјата на Џасинда Ардерн.

Видео на денот