Направете совршени макаронс колаченца (РЕЦЕПТ)

Состојки:
4 белки
70 грама шеќер
230 грама шеќер во прав
120 грама мелени бадеми
малку сол
прехранбена боја
фил по желба (какао крем, мармалад, слатка павлака, шлаг крем)

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени. Белките и шеќерот изматете ги со миксер додека не добиете цврста маса. Потоа додајте ја прехранбената боја и матете уште една минута.

Просејте ги бадемите, шеќерот во прави и солта двапати за да ги отстраните сите можни грутчиња. Постепено и внимателно спојте ги со смесата од белки. Смесата треба да биде мазна и густа и да не се разлева.

Во тепсија за печење ставете хартија за печење, а потоа со шприц обликувајте смеса во мали топчиња. Печете 15-20 минути.

Спојувајте по две колачиња и филувајте ги помеѓу. За тоа можете да користите мармалад или слатка павлака, крем, шлаг или обично растопено чоколадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот