Направете слатко од лубеница за само половина час

Фото: Профимедиа

На лубениците сезоната им е од јуни до септември и тогаш се највкусни. Лубеницата можете да ја јадете самостојно или да ја додавате во овошни салати. Од лубеница не се приготвуваат деликатеси, ниту зимница, но она што можете да го зачувате за зима е нејзината кора. Од кората на лубеницата можете да направите вкусно и декоративно слатко.

Состојки:

– 350 г исчистена кора од лубеница
– 300 г шеќер
– 200 мл вода
– половина лимон
– ванила по вкус
– половина лажичка сода-бикарбона

Подготовка:

Кората од лубеница исечкајте ја на мали коцки. Растворете половина лажичка сода-бикарбона во вода, па ставете ја кората од лубеницата. По потреба додадете уште вода. По половина час истурете ја водата и измијте ја кората.

Во сад ставете шеќер и вода. Проварете, па додајте ја кората од лубеница. Слаткото од лубеница варете го околу половина час на ниска температура.

Неколку минути пред крајот на готвењето, додајте сок од лимон или лимон исечкан на парчиња. По желба додадете неколку стапчиња ванила. Слаткото покријте го со крпа и оставете да се излади.

Целосно изладеното слатко сипете го во чиста тегла. Теглата затворете ја со проѕирна фолија, а потоа со метален капак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот