Направете си сок од нане – Ќе ве олади, но и ќе ви го поправи здравјето! (РЕЦЕПТ)

Фото: Профимедиа

Во зима, на многу луѓе омилен пијалок им е чај од нане, заради убавиот вкус, пријатниот мирис, но и бројните лековити својства.

Сепак сезоната за цветање на нане е лето, а ние ви го претставуваме совршениот начин да уживате во оваа моќна билка и за време на лето – преку освежувачки сок од нане и лимон.

Состојки:

  • 2 литри вода
  • 200 грама шеќер
  • 10 ливчиња свежо нане
  • Сок од 1 лимон

Подготовка:

  • Водата и шеќерот ги варите, па кога ќе се олади додавате нане.
  • Го оставате да одстои 24 часа, па додавате лимонов сок
  • Се пие кога ќе се олади, кога и да осетите жед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот