Направете си одличен десерт ова попладне – Полжавчиња

Фото: Профимедиа

Состојки:

200 милилитри масло за јадење

200 милилитри пиво

500 грама брашно

250 грама гриз

1 ванилин шеќер

1 прашок за печиво

3 лажици какао

За шербет:

500 милилитри вода

500 милилитри шеќер

Подготовка:

Во подлабок сад ставете ги маслото за јадење, пивото, брашното, гризот, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво и од сите овие состојки измесете тесто. Добиеното тесто поделете го на два еднакви дела. Едниот дел оставете го да има жолта боја, а во вториот дел од тестото додајте го какаото и повторно измесете го.

Кога ќе завршите со оваа постапка, од двете различни теста, со сукало исукајте кори. Добиените кори ставете ги една врз друга.

Од вака подготвените кори, формирајте ролат.

Ролатот со помош на остар нож исечете го на кришки дебели околу еден сантиметар. Добиените колачиња, редете ги во претходно подмачкана тава за печење. На крај, печете ги во претходно загреана рерна на температура од 200 степени околу 20 минути.

Откако сите колачиња се испечени, оставете ги да се изладат. Потоа, подгответе го шербетот и прелијте ги колачињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот