Направете сами домашен Нутела сладолед (РЕЦЕПТ)

Овој домашно приготвен сладолед се разликува од секој останат. Вкусот е неповторлив и неодолив, па затоа не се двоумете дали да се почестите со еден ваков сладок десерт.

Можете и да го комбинрате со овошни плодови како што се јагодите, капините и малините. Тие ќе му дадат освежувачка нота, но чоколадното задоволство дефинитивно ќе преовладува.

За подготовка на овој десерт потребно ви е:

¾ шолја млеко
½ шолја цврста блага павлака
¼ шолја шеќер
5 полни лажици Нутела
1 прстофат сол
½ лажица екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека состојките не се соединат. Тоа ќе трае отприлика 20тина секунди.

Претурете ја смесата во пластичен сад кој ќе го оставите во замрзнувач неколку часа.

Комбинирајте со овошје пред самото сервирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот