Направете сами домашен чај за слабеење

Profimedia

Со овој чај може да бидете полесни до 3 килограми за една недела.

Како да го подготвите?

Во тенџерче ставете литар вода, додадете китка исечкан магдонос и четири ќесички зелен чај. Оставете заедно да зовриат, а потоа тргнете го тенџерчето од оган и поклопете го.

Кога чајот ќе отстои и ќе се излади, исцедете го, па во него додадете 30 грама изрендан ѓумбир, 2 цедени лимона и 1 кафена лажичка цимет.

Доколку сакате да го заблажите, направете го тоа со лажица мед.

Претурете го ваквиот чај во пластично шише и ставете го фрижидер.

Пијте го ладен во текот на целиот ден. Во чашата може да додадете мраз по желба и дополнителни парченца лимон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот