Направете сами: Цветни миризби во Вашиот дом

Кога се уредува домот, цветните миризби на просториите се вистински предизвик за домаќинките. Наместо да трошите големи суми пари на спрејови и освежувачи на воздухот во Вашиот дом, направете свој гел кој целосно ќе ја „парфимира“ Вашата куќа или автомобил.

Доколку имате малку материјал и време, ќе направите одлични освежувачи на воздухот.

Потребен материјал:

Стаклени тегли кои собираат 250 мл течност;

Прехранбена боја;

2 чаши вода;

4 кесички со желатин;

Есенцијални масла;

1 лажица сол.

Начинот на подготовка се одвива во два дела.

Прв дел:

Ставете неколку капки од прехранбената боја во тегла, потоа додадете лажичка есенцијално масло.

Ставете чаша вода во тенџере за брзо да зоврие. Потоа тргнете го од оган и ставете 4 кесички желатин, кои претходно сте ги натопиле во малку вода. Промешајте додека желатинот не се раствори целосно, а потоа додадете уште една чаша вода и сол.

Втор дел:

Истурете го растворот во останатите подготвени тегли, промешајте со стара лажица и оставете го да премине во цврста маса, откако ќе отстои 24 часа.

Поставете ја теглата во просторија која вие ќе ја одберете, во бањата, кујната или во автомобилот. Миризбата трае помеѓу 4-6 недели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот