Направете ја Хипократовата чорба, стар лек против сите болести!

Фото: Профимедиа

Прочуената чорба од Хипократ веќе илјадници години се смета за многу здрава, бидејќи го зајакнува имунитетот, помага при кашлање и брзо го закрепнува телото по болеста.

Имунитетот е нашиот најмоќен штит против разни вируси и бактерии и треба да го јакнеме, за да не се разболуваме особено сега во есенскиот период и особено откако коронавирусот завладеа со светот.

Во јакнењето на имунитетот може многу да ни помогне надалеку познатата чорба од Хипократ, за која се вели дека е најздрава во светот. Најголема вредност им се дава на нејзините способности за зајакнување на имунитетот, за детоксикација и за јакнење на бубрезите.

Приказната вели дека пред 2.500 години старогрчкииот лекар и „татко на медицината“ Хипократ направил чорба, а по нејзиното консумирање пациентите буквално станувале од кревет. Тој ја осмислил чорбата на таков начин што го зајакнува имунитетот и го ослободува телото од разни токсини, па затоа веќе со векови се знае колку е добра за нашиот организам.

Совршена комбинација на видови зеленчук

Тајната на оваа многу делотворна чорба, која била малку изменета во 30-тите години на 20. век, а потоа ја прославил германскиот лекар Макс Герсон, лежи во идеалната комбинација на зеленчук. Токму овој избор нѐ штити од токсините, бидејќи со ова јадење се ослободуваме од нив, ни се зајакнува имунитетот, па затоа сме поотпорни на разни болести.

Кромидот е богат со витамин Ц и селен и го активира имунолошкиот систем, лукот, кој го носи називот „природен антибиотик“, е добар за разни воспаленија, висок крвен притисок, проблеми со реума, срце, црн дроб. И доматот, кој изобилува со состојката ликопен, и компирот од чорбата на Хипократ, исто така, го зајакнуваат имунитетот. Оваа чорба е богата и со калиум, а од друга страна на содржи сол, т.е. натриум. Покрај тоа, добра работа е и што се подготвува брзо и лесно, а веројатно веќе ги имате речиси сите потребни состојки во кујната.

Состојки:
– 1 среден корен од целер

– 1 среден корен магдонос

– 2 средни главици кромид

– 1 поголем праз

– 5 чешниња лук

– малку ливчиња магдонос

– 600 гр домати

– 400 гр компири

– по желба ловор, жалфија, мајчина душица, шафран, кориандер, копар, ким, анасон, мускатно оревче, рузмарин (не ставајте други зачини во чорбата за да не го поништат лековитото дејство)

Подготовка:
Измиениот зеленчук исечете го на коцки, префрлете го во поголемо тенџере, само внимавајте да не е од алуминиум. Врз зеленчукот сипете вода за да се впие. Ставете го на ринглата на посилна температура додека не почне да врие, а потоа гответе на потивок оган околу два часа, додека зеленчукот не омекне.

Важно е да не додавате вода додека се готви чорбата и тенџерето да биде покриено. Кога е речиси готово, додадете ги лукот и зачините. На крајот, чорбата можете да ја испасирате ако повеќе сакате да јадете крем чорба.

Најдобро е да земате една до две чинии дневно. Чорбата можете да ја чувате во фрижидер најмногу 48 часа. Исто така, Хипократовата чорба не треба да се подгрева, туку пред јадење, извадете ја на собна температура околу 30 минути.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот