Направете го сами овој природен лек и спасете се од хемороидите (РЕЦЕПТ)

Ако имате проблем со хемороиди, пробајте го овој природен рецепт. Сигурно ќе ви помогне!

Многу луѓе имаат проблеми со хемороидите, а често не сакаат да одат на лекар и го чекаат последниот момент. Затоа ви го претставуваме овој природен лек, кој сигурно ќе ви помогне.

Состојки:

– 300 гр чувар-куќа, чисти измиени листови

– 1 лимон ставен во вода со една лажица сода бикарбона (да отстои еден час)

– 750 гр ливадски мед

Кога ќе отстои лимонот, треба добро да го измиете, да го исечете на кришки и да го сомелете заедно со чувар-куќата. Ќе добиете смеса која треба да ја процедите преку газа и да и додадете мед. Мешајте со дрвена лажица.

Ќе ви биде потребна поголема тегла бидејќи ќе добиете смеса од околу 1,2 кг. Теглата чувајте ја во фрижидер.

Секое утро на празен стомак консумирајте по една лажица од оваа смеса. Користете дрвена или пластична лажица.

Консумирајте ја оваа смеса секој ден се додека не ја изедете целосно, без прекини. Проблемите со хемороидите ќе исчезнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот