Направете еко­лош­ки рас­твор за рерната да ви биде како нова

До­ко­лу сте од оние до­ма­ќин­ки кои чис­те­ње­то на рер­на­та од елек­трич­ни­от шпо­рет им прет­ста­ву­ва нај­теш­ка ра­бо­та во до­ма­ќинството, оби­де­те се да го нап­ра­ви­те овој рас­твор за чис­те­ње на ис­тата, кој ќе ви по­мог­не што по­мал­ку вре­ме да пот­ро­ши­те во „гланцање“ на си­те тие за­ле­пе­ни мас­но­тии и ужас­ни ми­риз­би кои се та­ло­жат на ова не­дос­тап­но мес­то во ва­ша­та кујна.

Об­рне­те вни­ма­ние и на фак­тот што дел од сред­ства­та што ги ку­пу­ва­те за оваа на­ме­на нај­чес­то се прем­но­гу аг­ре­сив­ни и го наг­ри­зу­ва­ат ме­та­лот, а со тоа го на­ма­лу­ва­ат и ве­кот на тра­е­ње на рер­на­та или пре­диз­ви­ку­ва­ат поб­р­зо ра­си­пу­вање.

За­тоа ви предла­га­ме да под­гот­ви­те еко­лош­ки рас­твор со про­из­во­ди кои ве­ќе ги има­те во до­мот, за ва­ша­та рер­на да блес­не ка­ко но­ва, а при­тоа да не пот­ро­ши­те мно­гу вре­ме при неј­зи­но чис­тење.

За под­го­тов­ка на еко­лош­ки рас­твор за чис­те­ње на рерна, пот­реб­но ви е:

100 мл сјај за са­дови

сок од два исце­де­ни ли­мона

ед­на шо­л­ја за чај ал­ко­хо­лен оцет

500 мл вода

Си­те овие сос­тојки, уба­во про­ме­шај­те ги во ши­ше со рас­пр­ску­вач до­де­ка доб­ро не се со­е­ди­нат. По­тоа, оби­де­те се доб­ро да ја ис­пр­скате рер­на­та и та­ка ос­та­ве­те да от­стои око­лу 10 ми­нути.

Со обич­но су­н­ѓерче, топ­ла во­да и ми­ни­ма­лен труд ќе ги от­стра­ни­те си­те за­ко­ра­ве­ни ма­сно­тии и неп­ри­јат­ни­от ми­рис од ва­ша­та рерна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот