Направерени „Седи дома“ вибер стикери со ликот на Филипче (ФОТО)

Графичкиот дизајнер Марко Михаиловски од Тетово направи вибер стикери со ликот на министерот Венко Филипче и д-р Милена Стефановиќ за да ја подигне свеста да се следат препораките од Министерството за здравство и во чест на сите оние кои што неуморно работат и помагаат за справување со новиот коронавирусот Ковид-19. 

Во „пакетот“ со стикери има неколку со ликот на министерот Венко Филипче, на кои пишува „Седи дома“, „Миј ги рацете“ и „Слушај го Венко“. Стикерите се преведени и на албански јазик.

Дизајнерот уште пред неколку дена се придружи на креативната иницијатива преку хаштагот #СедиСиДома и преку неколку креативни илустрации апелира за битноста на самоизолацијата периодов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот