Направени се 639 вонредни надзори во болници, кај мал број утврдени неправилности

Во изминатиот период Државниот санитарен инспекторат има издадено и решенија за ставање под надзор за домашна самоизолација на 3.603 лица, контакти на лица позитивни на коронавирус.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 16 март до 19 април извршил 639 вонредни инспекциски надзори во јавни и приватни здравствени установи. Само кај многу минимален дел од нив билe констатирани неправилности и биле издадени решенија за нивно отрстранување.

Во изминатиот период Државниот санитарен инспекторат има издадено и решенија за ставање под надзор за домашна самоизолација на 3.603 лица, контакти на лица позитивни на коронавирус, но и 902 решенија за лекување во домашни услови, во случаи кога лекарите процениле дека нивната состојба дозволува такво лекување.

Во контролата било проверувано дали здравствените работници се соодветно опремени со лична заштитна опрема, дали има доволно од опремата, дали има доволно средства за дезинфекција, просторија за изолација за пациент кој би можел да биде позитивен на коронавирусот, дали има соба за тријажа и набљудување.

-Од сите овие 639 вонредни инспекциски надзори многу мал број здравствени установи имаа минимални отстапувања за кои им се идздени решенија за остранување. Потоа се прави дополнителна втора контрола за да се види дали се извршени наредбите од решението, изјави директорката на ДЗСИ Ирина Сотирова Бухова.

Според неа, сите болници имаат протоколи за постапување и за прием на пациенти за други услуги кои не се поврзани со епидемијата, на примарна, секундарна и терцијарна заштита.

-Сосема е заштитен секој пациент кој ќе побара помош во било која од здраствените институции од државата, вели директорката на ДЗСИ.

Сотирова Бухова во „Само интервју” на Канал 5 истакна дека досега Државниот санитарен и здравствен инспекторат има издадено и решенија за ставање под надзор за домашна самоизолација на 3.603 лица, кои биле контакти на лица позитивни на коронавирус. Лицата кои се лекуваат во домашни услови, посочи Сотирова Бухова, се контактираат од матичните лекари, а ако има зголемување на симтомите се контактира и инфектолог или во случај на влошување се префрла во најблиската инфективна клиника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот