Наполи со интерес за македонскиот репрезентативец Алиоски

Фото: EPA-EFE/Shaun Botterill/POOL

Од претходно веќе подолг период се шпекулира дека турскиот Галатасарај би можел да биде новиот клуб на Езџан Алиоски, а денеска се објавуваат информации дека би можел кариерата да ја продолжи во Италија.

Поточно, како што информира „Тутоспорт“ Наполи во потрагата по нови одбранбени опции покажува интерес за 29-годишниот македонски репрезентативец.

Во клубот од Неапол предводен од тренерот Џенаро Гатузо настапува нашата голема надеж Елиф Елмас (21) кој ја игра втората сезона во дресот на „наполитанците“ и со кои има договор до 30 јуни 2025 година.

И натаму нема никакви најави за евентуално продолжување на соработката на Алиоски со премиерлигашот Лидс (со кој има договор до крајот на оваа сезона), а и во Англија дел од експертите сметаат дека Македонецот ја игра последната година во клубот од „Еланд роуд“.

Но, од друга страна и натаму се надева менаџерот Марсело Биелса дека ќе остане Џани и следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот