Наполи поблиску до куп финалето, цел меч за Елмас на „Џузепе Меаца“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Нашиот играч целосно ја доби довербата од тренерот на „наполитанците“ Џенаро Гатузо, а „Дијамантот“ дефинитивно не ги разочара навивачите.

Денеска во првиот натпревар од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Италија, на „Џузепе Меаца“ триумфираше Наполи со 0:1 против екипата на Интер.

Целиот меч во Милано го одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој вечерва ја доби целосно довербата од тренерот на „наполитанците“, Џенаро Гатузо.

Стрелец на единствениот гол во победата беше Шпанецот Руиз после асистенцијата на Ди Лоренцо во 57. минута од средбата.

Со овој резултат клубот од „Сан Паоло“ е многу блиску до пласман во финалето, а реваншот ќе се одигра на 5. март.

Во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Милан и Јувентус, а првата пресметка е в петок на теренот на „росонерите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот