Наполи немоќен против Аталанта, Елмас остана на клупата (ВИДЕО)

EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Во дербито на 29. коло од Серија А, Аталанта продолжи со одличните игри и без многу проблеми со совлада Наполи со 2:0.

Домашниот тим победата ја обезбеди на почетокот од второто полувреме, прво Пашалиќ во 47. минута го отвори резултатот, додека Госенс девет минути подоцна го постави конечниот резултат. Со оваа победа Аталанта се зацврсти на четвртото место со 60 бодови и речиси сигурно си го обезбеди учеството во Лигата на шампионите во следната сезона.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса од својот тренер Џенаро Гатузо и поразот на Наполи го следеше од клупата за резервни играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот