Наполи не се откажува од шампионскиот сон

twitter.com/Letzwatch10k

До крајот на преодниот рок има уште две недели и Наполи планира да ги искористи за да донесе две екстѕра засилувања со кои ќе го предизвика Јувентус во трката за шампионската титула. Во нотесот на тренерот Карло Анчелоти се две имиња, Мауро Икарди и Хамес Родригез.

Наполи веќе упати официјална понуда за Икарди која изнесува 70 милиони евра со бонуси, а Аргетинецот ќе добие годишна плата од девет милиони евра. На потег е Интер кој треба да одлучли дали ќе го продаде својот поранешен капитен, додека Икарди доби рок до среда да се изјасни дали ја прифаќа понудата од Наполи или ќе чека Јувентус да тргне по него.

Според „Кориере дело Спорт“, Анчелоти го убедува Хамес Родригез да побара трансфер во Наполи. Тренерот и Родригез се во постојан телефонски контакт и му ветува дека во Наполи ќе ја добие потребната минутажа.
Наполи е подготвен да плати пет милиони евра за едногодишна позајмица и дополнителни 40 милиони за реализиација на трансферот идната година.

Голем проблем во реализација на овој трансфер претставува претсдателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој не сака да слушне за позајмица, туку сака веднаш да го продаде Колумбиецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот