Наполи и Анчелоти го сакаат Елмас по секоја цена
Македонскиот бисер, Елиф Елмас со прикажаните игри во репрезентативниот дресот но и со настапите за Фенербахче изминатата сезона, ја залуде фудбалска Европа. Добар дел од најголемите екипи како Интер, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Тотенхем, Лацио, Зенит доставија официјални понуди до Фенербахче за ангажман на Елмас, а сериозен интерес пројавија уште и екипи како Манчестер јунајтед, Манчестер сити, ПСВ Ајндховен.
Последен кој се вклучи во трката по потписот со македонскиот репрезентативец е италијанскиот вицешампион, Наполи. Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти токму во Елмас го гледа идеалното решение за средниот ред во идната сезона.
Според познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, Наполи е подготвен да плати помеѓу 18 и 20 милиони евра на Фенербахче и ова досега е највисоката понуда што пристигнала за Елмас.
Последната понуда беше на Атлетико Мадрид и тоа во висина од 14 милиони евра плус Никола Калиниќ но таа беше одбиена од раководството на турскиот тим.