Наполи го чека македонскиот „Дијамант“, в сабота прегледи!

twitter.com/kederlicapito

Ова воедно значи дека и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас в сабота (20 јули) ќе ги има лекарските прегледи и потоа официјално го потпише договорот со Наполи.

Според „Скај Спорт Италија“, Каљари ги договорил сите услови околу доведувањето на Хрватот Марко Рог од „Сан Паоло“, воедно овој фудбалер се поврзуваше и со трансфер во Џенова на Горан Пандев и Ајнтрахт Франкфурт.

Хрватскиот интернационалец ќе оди на позајмица вредна два милиони евра и со опција во јуни 2020 година да биде откупен за 13 милиони евра.

Наполи предводен од славниот тренер Карло Анечлоти конечно ќе може да го сврти фокусот кон нашиот Елмас кој досега ги бранеше боите на Фенербахче.

„Спортиталиа“ известува дека веќе се закажани и задолжителните прегледи на Елмас за оваа сабота.

Доаѓањето на нашиот репрезентативец во Наполи го потврди и претседателот на овој клуб, Де Лаурентис за „Радио Кис Кис“ говорејќи дека после заминувањето на Рог, го очекува Елмас чиј трансфер би требало да изнесува 16 милиони евра плус бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот