Наполи донесе ново засилување, следен е Елмас!? (ВИДЕО)

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Грчкиот централен бек Манолас (28) од 2014 година ги бранеше боите на римската „волчица“ каде што дојде за 15 милиони евра од Олимпијакос.

Новото летно засилување го потврди претседателот на „наполитанците“, Аурелио Де Лаурентис кој му посака добредојде на Твитер.

За римскиот клуб имаше вкупно 156 натпревари и шест голови, а на клупски план беше дел и од Трасивулос и АЕК.

Овој период се најавува дека и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од Фенербахче наскоро ќе потпише договор со италијанскиот вицешампион.

На социјалните мрежи беше објавено и едно интересно видео каде што случајно фановите на екипата го пресретнаа асистентот на Карло Анчелоти, Давиде кој што делеше автограми, запрашан дали ти се допаѓаЕлмас и дали тој доаѓа во Наполи, еве што одговори:

– Да, ми се допаѓа. Мислам дека доаѓа – вели асистентот на клубот, Давиде Анчелоти.

Претходно и познатиот италијански новинар, Ди Марцио објави дека е постигнат договор меѓу Фенербахче и Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот