Наполи донесе екстра засилување од Рома

Костас Манолас во следната сезона ќе настапува за вицешампионот на Италија, Наполи кој успеа да се договори со Рома за трансфер.

Во договорот на Манолас со Рома има клаузула од 36 милиони евра, сума која Наполи не сака да ја плати и поради тоа инсистираше за размена на фудбалери. „Римската волчица“ првично го одби предлогот, но откако Наполи го понуди Диавара и 20 милиони евра, се согласи на размената.

Договорено е тоа да бидат два освоени трансфери, прво Рома ќе плати 18 милиони евра за Диавара, а потоа Наполи за сума од 34 милиони евра плус дополнителни два милиони во бонуси, ќе го обезбеди потписот со одличниот дефанзивец на „римската волчица“.

Платата на Манолас ќе изнесува 3.5 милиони евра годишно плус дополнителен еден милион во бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот