ВИДЕО: Напната атмосфера на протестот во Охрид пред клубот „Цар Борис Трети“

Протест пред бугарскиот клуб Цар Борис Трети

Во напната атмосфера, со свирежи и извици „Татари, Татари“, околу петстотини охриѓани денеска го изразуваат револтот заради отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во центарот на Охрид.

Протестантите истакнаа транспаренти со натписи „Со фашисти не сме исти, ние сме Македонисти“, „Стоп за холокаустотот против Македонците“, „Европо, практикувај го она што го проповедаш, без дополнителни услови за Македонците, стоп за дискриминацијата“. Тие велат дека не им пречи отварањето на бугарски клуб, туку неговото име.

Фото: Владимир Јовановиќ

Пред трговскиот центар Амам граѓаните се дофрлуваа со македонските Бугари кои ги гледаа од терасата. Во еден момент протестантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, но безуспешно.

Пред клубот пак, се развеани бугарското и македонското државно знаме, како и знаме со ликот на царот Борис.

Отварањето на овој клуб во Охрид предизвика силни осуди во јавноста, а Еврејската заедница во Македонија до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава.
Протестот го организира партијата Левица, а вчера и ВМРО-ДПМНЕ го поодржа, со повик да биде масовен, но мирен и достоинствен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот