Напладне продолжение на 51. и на 57. пленарна седница

Собраниска седница / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

Собранието денеска напладне ќе ја продолжи 57. пленарна седница, а по неа треба да продолжи и 51. седница.

На дневен ред на 57. седница не е разгледан само Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

На 51. пленарна седница заостанати точки на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Предлог на закон за Академија за судии и јавни обвинители, измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Предлог на закон за адвокатурата и Предлог на закон за Академија за судии и јавни обвинители.

Претседателот на Собранието Талат Џафери претполаднево информира за закажување на овие седници, а во Парламентот тој исто така одржува координација со пратеничките групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот