Напивка која го забавува белеењето на косата
Пченичната трева има многу бенефити за здравјето, а особено за забавување на процесот на стареење.
Пијалакот од пченична трева е полн со витамин Ц и Е. За да одгледате пченична трева ви треба чисто семе од пченица, тресет и земја.
Семето потопете го во вода 8-12 часа. Ставете го семето во стаклена тегла и во следните 24 часа измијте го со три води.
Кога ќе почне да ‘рти, посадете во мешавина од земја и ѓубриво во сооднос 3:1. Засадете ги плитко. Првите три дена покријте со тегла. Наутро полевајте, а навечер испрскајте со вода.
Четвртиот ден тргнете ја теглата, но не изложувајте го растението на директна светлина. Чувајте ја пченичната трева на температура меѓу 21-26 степени. Ако се појави мувла, не го продолжувајте процесот.
Откако ќе порасне 20 см, можете да сечете од тревата. Два дена пред употреба, изложете ја на сонце, за да се синтетизира хлорофил.
Во блендер измелете поголема количина од тревата и разредете ја со вода. Пченичната трева ги зачувува пигментите, ги потхранува фоликулите и ја стимулира синтезата на колаген во кожата.