Напиток кој ќе ве спаси од мамурлакот – Подгответе го веднаш сами!

Фото: Профимедиа

Главоболка, гадење, нагон за повраќање, вртоглавица, сува уста, исцрпеност, мачнина… Ова се чести последици по новогодишното славење. За среќа, постои домашен лек кој многу може да ви помогне, а вие можете да го направите сами.

Славејќи ги новогодишните празници многу лица претеруваат со храната и пријалоците, а последиците од прекумерното уживање во храната и алкохолните пијалоци воопшто не се пријатни.

Затоа, што чекате, подгответе го овој домашен напиток и вратете се „во живот“…

Потребни состојки:

– 2 дл /вода

– 2 дл свежо цеден сок од портокал

– ¼ лажица сол

– половина лажица свежо рендан ѓумбир

Измешајте ги сите состојки и напитокот пијте го во помали голтки. Комбинацијата на вода, со витамини и јаглехидрати веднаш ќе ви ја поврати изгубената енергија, ќе ја намали мачнината, ќе го прочисти и освежи вашето тело.

Дополнителен совет е да консумирате големи количини на вода, витамин Ц и Б комплекс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот