Напаѓачот од Капитол осуден на најголема казна досега од 41 месец затвор

Војници на Националната гарда распоредени пред Капитол Фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Скот Ферламб, кој беше снимен како удира полицаец за време на нападот на американскиот Капитол на почетокот на оваа година, во средата доби затворска казна од 41 месец.

Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за најстрогата казна изречена во речиси 700 кривични случаи покренати откако приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп го нападнаа Капитол на 6 јануари оваа година, не прифаќајќи го неговиот изборен пораз.
Американскиот окружен судија Ројс Ламберт ја наведе сериозноста на однесувањето на сопственикот на теретана во Њу Џерси, Скот Ферламб, како отежнувачка околност при изрекувањето на казната.

Ферламб е снимен како вика по полицајците пред да турне еден од нив и да го удри со тупаница по лицето. Тој ја призна вината во август.

Судијата истакна дека оваа казна ќе биде репер за повеќе од 120 лица обвинети за напад на полицијата за време на нападот на Капитол од страна на илјадници поддржувачи на Трамп.

Еден полицаец од Капитол, нападнат од демонстранти, почина ден по немирите, а четворица полицајци вклучени во одбраната на Капитол подоцна си го одзедоа животот. Повредени беа околу 140 полицајци.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот