Напаѓачот во Нов Зеланд обвинет за 50 убиства и 39 обиди за убиство

Фото: Профимедиа

Полицијата во Нов Зеланд го прошири обвинението против австралискиот екстремист Брентон Тарант (28), кој уби 50 луѓе во нападот на две џамии во Крајстчрч.

Тарант првично беше обвинет за убиство, но судијата истакна дека бројот на обвиненија неизбежно ќе се зголеми. Тој сега е обвинет за 50 точки од обвиненијата за убиство и 39 обвиненија за обид за убиство, пренесува Хина.

Австралиецот првпат се појави на суд во саботата и при тоа не се изјасни за вината, ниту побара ослободување со кауција.

На 15 март, Тарант влезе во џамијата Ал Нор околу 13:30 по локално време, кога се одржауваа попладневни муслимански молитви и отвори оган кон верниците. Тој испука повеќе од 100 куршуми, само во џамијата. Со себе имал најмалку шест пушки. Напаѓачот потоа се возел седум минути до следната џамија во предградието Линвуд, каде што продолжи со масакрот.

Триесет и шест минути по првата дојава за нападот, Тарант е уапсен во возило каде што, според полицијата, имало импровизирани експлозивни направи.

Нападот, кој премиерката Џасинда Ардерн го опиша како терористички чин, е најголемото злосторство во мирнодопската историја на Нов Зеланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот