Напаѓачот во Лондон е борец на ИД

Мажот, кој носел „лажна експлозивна направа” и беше застрелан од лондонската полиција откако вчера избоде со нож две лица, бил минатиот месец ослободен од затвор.

Џихадистичката организација Исламска држава соопшти дека напаѓачот, кој вчера избоде случајни минувачи на Стритхем во јужниот дел на Лондон, е еден од нејзините борци.

– Напаѓачот во реонот на Стритхем, јужен Лондон, е борец на ИД и го извршил нападот како одговор на повик за напад врз државјани на земји кои припаѓаат на глобалната коалиција која се бори против ИД, се наведува во соопштението на терористичката организација, објавено преку социјалната мрежа Телеграм.

Мажот, кој носел „лажна експлозивна направа” и беше застрелан од лондонската полиција откако вчера избоде со нож две лица, бил минатиот месец ослободен од затвор. Тој отслужувал затворска казна поради распространување на терористички материјали, објавија британските медиуми.

ДЕТАЛИ ОД НАПАДОТ ВО ЛОНДОН: Џихадистот кој убил двајца сакал да умре „во име на тероризмот“, својата девојка ја убедувал да си ги убие родителите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот