Напаѓачот во џамијата во Осло доби 30-дневен притвор

фото: Принтскрин/Илустрација

Судот во главниот град на Норвешка, му одреди 30-дневен притвор на 21-годишниот Филип Мансхаус, кој во саботата отвори оган во џамија на периферијата на Осло, јави телевизијата NRK.

Германска ДПА наведува дека следните две  недели Мансхаус ќе биде во целосна изолација, а за цело време на притворот ќе има забрана за кореспонденција со надворешниот свет и за посети

Момчето е обвинето за убиство на својата полусестра и за терористички напад.

Пред заседанието на судот обвинетиот изјави дека на новинарите им дозволува снимање.

Телевизиските кадри покажаа дека во судската сала Мансхаус се појави со модринки околу очите и рани по лицето и вратот.

Подоцна судот го затвори заседанието за јавноста.

Според неговата адвокатка, Уни Фрис, напаѓачот Мансхаус не ја признава својата вина и бара ослободување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот