Напаѓачот планирал да ги запали просториите на редакцијата „Шарли ебдо” во Париз, но ја згрешил адресата

Пакистанецот, обвинет за повредување на две лица со нож пред поранешните простории на „Шарли ебдо”, не знаел дека францускиот сатиричен магазин ги сменил канцелариите и сакал да ги запали, изјави денеска парискиот обвинител Жан-Франсоа Рикар.

Тој додаде дека осомничениот носел три шишиња запалива течност и избодел две лица претпоставувајќи дека се вработени во „Шарли ебдо”.

Седум лица уапсени поради нападот со сатар кај Шарли Ебдо во Париз (ВИДЕО)

Според Рикар, осомничениот дејствувал под лажен идентитет и утврдено е дека има 25, а не 18 години, како што изјавил претходно.

Парискиот обвинител наведе и дека во телефонот на осомничениот пронајдено е триминутно видео на урду јазикот, во кој тој го најавува својот план: „Овде во Франција тие прават карикатури за нашиот чист и голем пророк Мухамед. Денеска… ќе се побунам против ова”.

Осомничениот го признал нападот пред „Шарли ебдо” во Париз

Прочитајте и...  Шахпаска: Најважно е да се зачува секое работно место

Поврзани вести

Хоти ги започнува процедурите за отворање на амбасадата во Израел

Илинка Иљоска

Училиштата се известени за начинот на оценување, првите оценки до 20 ноември

Слободен печат

ВО ЖИВО: Изјава на премиерот Заев по научната конференција за македонскиот јазик

Слободен печат

Германските виролози не ја исклучуваат можноста од неконтролирано ширење на Ковид-19

Илинка Иљоска

Комисијата наместо да заштити, дискриминира од старт

Весна Тодоровска

Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Михаило Донев

Остави Коментар