Напаѓачот на Наполи вреди 70 милиони евра, но не го заборава пеколот на улицата и копачките кои му го спасија животот

epa09129006 Napoli?s Victor Osimhen (R) celebrates with coach Gennaro Gattuso after scoring the 0-2 goal during the Italian Serie A soccer match UC Sampdoria vs SSC Napoli at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 11 April 2021. EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Екипата на Наполи минатото лето плати дури 70 милиони евра за да ги реши проблемите со реализацијата, од Лил пристигна нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен. Тој досега одигра само 16. натпревари на кои постигна пет гола, но поголем дел од сезоната беше повреден. Сепак со прикажаните игри покажа дека пред него е светла иднина и дека Наполи на потроши 70 милиони евра залудно.

Но, животот на Осимен не е бајка, напротив, неговата животна приказна е тажна и сам успех преставува тоа што успеа да стане професионален фудбалер и игра за тим како Наполи.
Осимен израсна со таткото и братот, без мајка притоа работејќи разни работи во Лагос за да го преживее денот. Продаваше пијалоци на семафорите низ Лагос и тоа се додека еден ден не пронајде пар копачки во контејнер.

На крајот испадна дека тоа му го спаси животот, но и го извлече од сиромаштијата во Нигерија. Токму од тој ден започна неговата фудбалска кариера, прво во Нигерија, а во 2017 година го примети германскиот Волфсбург за кого настапуваше една сезона по што замина на позајмица во Шарлоа. Од Белгија во 2019 година се сели во Лил каде на 27 натпревари постигна 13 гола и тоа беше препорака за Наполи да не штеди пари за да го ангажира 22-годишниот фудбалер со што го исполни својот сон.

Но, Осимен никогаш не го заборави тешкото детство во Нигерија и поради даде се од себе да ја пронајде девојката од Нигерија чија фотографија на која продава пијалоци на улица иако нема една нога и на главата носи кога со пијалоците, почна масовно да се споделува на социјалните мрежи.
Осимен успеа да ја пронајде девојката, разговараше со неа и вети дека ќе и помогне.
– Среќен сум што можев да зборувам со неа, успеав да ја пронајдам и сега се е во ред. Сигурно ќе и помогнам бидејќи знам какво е чувството да работите на улиците во Лагос за да преживеете. Ја поминав оваа фаза во животот – изјави Осимен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот