Напаѓачите кои прободеа со нож полицаец, остануваат на слобода

Фото: Принтскрин - 24 Вести/YouTube

Браќата Александар и Јордан Цветковски – осомничени за нападот на полицискиот службеник Филип Филиповски – остануваат на слобода, пишува Фокус.

Кривичниот совет ја отфрли жалбата на ОЈО за притвор на синовите на екс-градоначалникот на Петровец, Звонко Цветковски, и со тоа ја потврди одлуката на судија на претходна постапка.

На двајцата браќа одземени им се пасошите, не смеат да го напуштат Скопје, не смеат да му се приближуват на прободениот полицаец и треба еднаш неделно да се јавуваат во суд – одлучи Кривичниот совет.

Филиповски беше прободен со нож во угостителски објект на 23 март во скопско Марино. Тој 11 дена по нападот помина во болница борејќи се за живот, остана без еден бубрег и слезина, но за среќа сега неговата здравствена состојба се подобрува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот