Напаѓачите кои прободеа со нож полицаец, остануваат на слобода - Слободен печат
ВестиМакедонија

Напаѓачите кои прободеа со нож полицаец, остануваат на слобода

На напаѓачите им се одземени пасошите, не смеат да го напуштат Скопје, не смеат да му се приближуваaт на прободениот полицаец и треба еднаш неделно да се јавуваат во суд

Браќата Александар и Јордан Цветковски – осомничени за нападот на полицискиот службеник Филип Филиповски – остануваат на слобода, пишува Фокус.

Кривичниот совет ја отфрли жалбата на ОЈО за притвор на синовите на екс-градоначалникот на Петровец, Звонко Цветковски, и со тоа ја потврди одлуката на судија на претходна постапка.

На двајцата браќа одземени им се пасошите, не смеат да го напуштат Скопје, не смеат да му се приближуват на прободениот полицаец и треба еднаш неделно да се јавуваат во суд – одлучи Кривичниот совет.

Филиповски беше прободен со нож во угостителски објект на 23 март во скопско Марино. Тој 11 дена по нападот помина во болница борејќи се за живот, остана без еден бубрег и слезина, но за среќа сега неговата здравствена состојба се подобрува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close