Напаѓачи држат заложници во зградите на компанијата „Убисофт“ во Монтреал, испратиле барања до полицијата

Канадската полиција и специјалци го преплавија булеварот „Сен Лорен“ во Монтреал, откако добиле повик дека група на лица земале заложници во комплексот згради кои припаѓаат на компанијата за развој на видео игри „Убисофт“.

Локалните медиуми пишуваат дека напаѓачите имале барања за откуп до полицијата, и истите ги доставиле.

Моментално нејасно колку напаѓачи се во прашање, како и ни бројот на заложници. Еден од вработените избегал на покривот, каде што се забарикадирал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот