Нападот во Триполи е воено злосторство, смета ОН

Најмалку 10 работници, меѓу кои пет странски државјани, загинаа, а 35 се повредени во денешниот воздушен напад врз фабрика за бисквити во Триполи, соопшти претставникот на ОН за Либија, Гашан Салам.

Тој ова го кажа на седница на Советот за безбедност, додавајќи дека најверојатно станува збор за воено злосторство.

Според него, најголем дел од убиените се мигранти, а две од жртвите се Либијци.

– Без разлика дали цел на нападот била фабриката или се работело за неселективен напад, тоа може да биде воено злосторство- рече Салам и ја обвини либиската Народна армија за предизвикување цивилни жртви, додавајќи дека армијата извршила повеќе од 800 напади со дронови.

Од друга страна, рече тој, Владата во Триполи извршила околу 240 напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот