Нападнати двајца малолетници во Скопје

ГП Табановце / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи во попладневниот билтен извести за два одделени напади врз малолетници во Скопје.

Првиот инцидент се случил вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје, при што скопјанецот Ш.Ш.(38) пријавил дека на улица „100“ во с.Волково, скопско, по претходна расправија помеѓу неговото дете и детето на Љ.Ѓ., неговиот 13 – годишен син бил физички нападнат од Љ.Ѓ(47) од Скопје. 

Се преземаат мерки за расчистување на овој случај.

Вториот напад е пријавен синоќа околу 23 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, каде Е.Х.(39) од Скопје пријавил дека околу 22 часот на ул.„Гвадалахара“, во населбата „Шуто Оризари“ во Скопје, неговиот 17-годишен син, бил физички нападнат од Л.И.(21) од Скопје.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот