Нападната воена база во Сирија: Соборени се дронови и ракети

Засега нема детали за можни загинати или повредени во нападот.

Сириската воена  база „Тифор“ која се наоѓа на истокот на провинцијата Хомс била мета на напад на дронови и ракети.

Сириските одбранбени системи успеале да соборат одреден број на дронови и ракети. Засега е непознато кој го извршил нападот врз  базата.

Засега нема детали за можни загинати или повредени во нападот.

Израел во повеќе наврати во измнатите неколку години изврши напади врз оваа база.

Претходно, мета на ракетен напад беше и ирачката воена база „Таџи“ која се наоѓа северно од Багдад. Во таа база стационирани се и американски војници, а нападот бил извршен со ракети од советско производство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот