НАПАДНАТА РУСКАТА ВОЕНА ПОЛИЦИЈА ВО СИРИЈА: По бомбардирањето биле повредени шест лица

Фото: Профимедиа

Шест лица биле повредени за време на бомбардирањето на пограничниот пункт Дарбасија во северозападната сириска провинција Хасеки, додека таму се наоѓала руска воена полиција, јавила сириската државна телевизија.

Во соопштението се наведува дека граничниот премин бил бомбардиран со артилериско оружје.

Ситуацијата на северот од арапската република се заостри во почетокот на октомври, кога Турција ја започна операцијата „Извор на мирот“ која е насочена против Курдите.

На 17 октомври, според договорот со САД, Анкара ја запре борбената акција за Курдите да можат да ги изведат своите формации од 30-километарската тампон-зона на границата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот