Нападната американската воена база во Сирија

Војник Сирија
Војник Сирија/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Американската воена база во Сирија, која ја користат и западните сојузници, денеска е нападната, јави ТАСС.

Базата за која станува збор се наоѓа во близина на сирискиот град Ал Танф, според информативниот телевизиски канал Ал Арабија.

Според информациите на овој канал, извршени се неколку напади во таа област во близина на коалициската база Ал Танф во провинцијата Хомс, која се наоѓа во близина на границата со Ирак.

Сириската телевизија јави дека се слушнале неколку експлозии во базата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот