Возач на автобус во ЈСП Скопје додека бил на смена, односно додека управувал со градки автобус бил нападнат од 22- годишно момче, информира МВР.
-На 08.07.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје, З.Р.(49) од село Волково, скопско, вработен како возач на автобус во ЈСП Скопје, пријавил дека на 07.07.2020 околу 22.30 часот, додека управувал градски автобус од населба Хром кон населба Ѓорче Петров, на ул.„Ѓорче Петров“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.З.(22) од Скопје- стои во дневниот билтен на МВР.
По преземени мерки А.З. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.