Нападнат доктор на Токсикологија, се здобил со расекотини на главата и хематом

Клиника за токсикологија и ургентна интерна медицина
Клиника за токсикологија и ургентна интерна медицина / Фото: Архива на „Слободен печат“

Попладнево на Клиниката за токсикологија бил физички нападнат дежурниот лекар, кој со повреди на главата бил пренесен во Ургентниот центар, пренесе Телма.

Директорот на Клиниката за токсикологија, Нагип Зумбери за Телма изјавил дека причината за нападот била банална. Напаѓачот дошол со своето малолетно дете на Клиниката и кога дежурниот лекар само му кажал дека треба да го однесе детето на Педијатрија каде што исто така има токсиколог, тој почнал да го удира.

Лекарот потоа е однесен во Ургентниот центар каде што се утврдени повреди – расекотини на главата и површен хематом, по што е пуштен дома. Случајот е пријавен во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот