Нападите во Саудиска Арабија ќе предизвикаат ескалација на кризата што не се запира

Фото: Профимедиа

Нападот на саудиските нафтени построки е најновиот пример во серијата на потези на противничките сили во Персискиот Залив, со цел да ги остварат своите планови со сите средства, освен влегување во тотална војна. Меѓутоа, шансите за избегнување на разорен конфикт се смалуваат, особено во момент кога влоговите се зголемуваат, пишува српски „Блиц“.

Иран ја отфрли одоговрноста за нападот на нафтеното поле и рафинерија, додека САД, Саудиска Арабија и нивните сојузници можат само да шпекулираат од каде дојдоа воздушните напади. Иако американски Си-ен-би-си пренесе дека висок претставник на САД потврдил дека дроновите со кои беа извршени нападите биле лансирани од Иран, сè уште не може да се потврди оваа констатација. Размерите и софистираноста на операцијата наведуваат на тоа дека станува збор за државно спроведена акција, а тоа се вклопува во матрицата, која подразбира храбри ирански потези со цел да ја подигнат цената на американската тактика за максималниот притисок и саудиската војна во Јемен.

Заплената на танкерите кои минуваат низ Ормутскиот Теснец и уривањето на американскиот сателитски дрон од страна на Иран, беа специајлно смислени акции за да избегне предизвикување на воен одговор. Меѓутоа, ако Иран навистина стои зад нападите во саботата, тогаш тоа е значаен чекор кон уште посмели акции на Техеран, кој веројатно е поттикнат од заминувањето на советникот советникот на Доналд Трамп, Џон Болтон, но и поради очајната економска ситуација во која се наоѓа Иран, пишува „Блиц“.

– Јасно е дека стратегијата за бомбардирање на Јемен и прегладнувањето на Иранците поради изнудување на послушност попрво ќе направи посериозни проблеми за актерите во случувањата, наместо да ги донесе посакуваните резултати – смета Али Ваез, експерт за Иран од Меѓународната група за кризи. Тој исто така смета дека Иран има помалку да загуби и помалку се плаши од ризиците.

Кирстен Фонтенроуз, поранешната директорка за Персискиот Залив во американскиот национален Совет за безбедност, смета дека Трамп е сигурен дека Ријад нема да објави војна.

– Претседателот знае дека заменикот-министер за одбрана на Саудиска Арабија, принцот Халид бин Салман, кога на крајот на август го посетил Вашингтон, им рекол на американските претставници, министерството за одбрана и ЦИА дека го поддржува економското исцрпување на иранскиот режим, но не и влегување во војна – посочува Фонтенроуз.

Елен Волд, експерт за енергија во Персискиот Залив и авторка на книга за саудиската нафта, вели дека Трамп, по падот на американскиот дрон над Јемен во јуни, дал согласност за одмазнички ракетен напад, за потоа по најновиот напад на нафтените постројки во Саудиска Арабија да го промени мислењето.

Решението на Трамп, во ситуација кога не сака да изгледа слабо, а во исто време сака да избегне војна за време на новата кампања за негов реизбор, е префрлање на одговорноста врз Ријад.

– Монархијата во Саудиска Арабија е по притисок да иницира одговор, веројатно и воена реакција, а тоа всушност не е нешто за што тие се способни. Саудиската војска на ниту еден начин не е подготвена да води долга војна со Иран – смета Волд.

Иако војна не е во интерес на ниту една страна, политичките последици од нереагирање во моментов највеќе го погодуваат саудискиот принц Мухамед бин Салман, а неговиот одговор е непредвидлив.

– Овде немаме работа со здрав разум, него со фактот дека Саудиска Арабија мора да се реваншира на еден или друг начин. Во спротива, дури и позицијата на престолонаследникот ќе биде доживеана како слаба, а во овој момент тој нема многу пријатели ниту во земјата, ниту пак на повисоко ниво – вели Жан-Франсоа Сензек, експерт за Персискиот Залив кој предава на Универзитетот во Џорџтаун.

Една од можностите за Ријад и Вашингтон би бил одмазнички напад на слични ирански цели, со предупредувањето дека станува збор за ограничен одговор. Меѓутоа, Техеран, тоа не би го доживеал така.

– Во случај на одмазда, Иран ќе биде принуден на уште посилен осветнички напад. А тоа потоа преоѓа во војна. Сега сме навистина во таква ситуација, а она што е толку застрашувачко е што сите се согласуваат дека ова не е добар момент за ниту една од страните, но нема човек што може го запре – вели Сезнек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот